Вчера во 11:00 часот 22-годишниот В.Ј. од Скопје, пријавил дека на 15 март годинава, на улица „Беласица”, бил измамен од И.Д. од Скопје на тој начин што меѓусебно се договориле пријавителот да му продаде патничко моторно возило „Пежо 307″ со скопски регистарски ознаки за сума од 2,500 евра.
Пријавениот веднаш му дал 500 евра а останатите требало да му ги даде по извршување на проверки на возилото. До моментот на пријавување оштетениот не успеал да стапи во контакт со сторителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.