Во непосредна близина на Камениот мост во Скопје се колат и дерат животни, а сето тоа на видик на голем број минувачи.
Ваква грозна слика скопјани имаа прилика да видат во текот на вчерашниот ден, а фотографиите иако се раширија на социјалните мрежи, досега ниту една невладина организација нема реагирано.
Кога минатата година во Дебар маало човек уби куче со секира, се јавија и “Анима мунди”, се јавија и сите други организација и активисти, а човекот кој го уби кучето се соочи со протести пред својот дом и беше нарекуван убиец, кој ако денеска убил куче, утре би можел да убие човек.