Првиот ден на заседанието на Генералносто собрание на Интерпол во Дубаи го одбележаа низа скандали и голем број на прекршувања на правилникот на оваа меѓународна полициска организација.
Според неофицијални извори, на заседанието на Генералното собрание, претставниците на Косово постојано ја фотографирале српската делегација и постојано им дофрлале и приговарале. Провокацијата била и во салата и за време на паузата, пишува “Блиц”.
– Покрај противењето на поголем број држави членки и секако Република Србија прашањето за таканаречената држава “Косово” да се најде на дневен ред, донесена е одлука оваа точка да остане и за неа да се гласа. За жал, иако повеќе пати предупредувавме дека со тоа е загрозено меѓународното право, оваа одлука покажува дека резолуцијата која беше усвоена од Генералното собрание минатата година во Пекинг останува мртво слово на хартија- нагласи српскиот министер за внатрешни работи Стефановиќ.