Иако на прв поглед изгледа дека во прашање е преубаво поле со лалиња во Холандија, вистината е многу поразлична. Ако погледате малку подобро, ќе видите дека се работи за велосипеди.
Звучи малку неверојатно, но постојат неколку вакви “полиња” ширум Кина и што е најтажно се работи речиси за нови велосипеди.
Како што пренесува “Би-Би-Си”, ваквите “гробишта” за велосипеди постојат во Шангај, Вухану и Ксијамен.
Услугата делење велосипеди во Кина е многу распространета, но довела и до некои негативни последици.
Со едноставна апликација на смартфон, голем број луѓе изнајмуваат велосипеди по цена од само еден јуан (0,15 американски долари), но проблемот настанува кога тие велосипеди се оставаат каде ќе им падне на памет. Воопшто не размислуваат за тоа, па често се случува така оставените велосипеди да ги блокираат тротоарите, а властите едноставно ги конфискуваат и ги испраќаат на депонија.
И додека од една страна компаниите се трудат да произведат што повеќе велосипеди, ваквите гробишта стануваат се побројни.