Синдикатот на културата пpoтecтиpaше и пред Влада ја отпеаја „Хopoт на пopoбените Евpeи“

Синдикатот на културата (СКРМ) денеска одржа протестен марш за нов колективен договор во културата. Протесниот марш е последно предупредување пред најавениот штрајк.

СКРМ ги повика сите вработени во културата, културни работници и останати, солидарно да се приклучат кон барањата за регулирање на работните односи во културата после цели 14 години откако е потпишан последниот колективен договор.

-Изминуваат 14 години од последниот општ колективен договор во културата. Четиринаесет години без јасно дефинирање и групирање на работни места во институциите, без правична валоризациjа на трудот во сите дејности, без прецизно поставување на критериумите за безбедност и здравје при работа, без додатоци од плата, теренски и службени дневници – велат од СКРМ.

Маршот почна од паркот „Ибни Пајко“ (во кругот на НОБ, Филхармонија и Даут-пашин амам), ќе продолжи кон зградата на Владата и заврши пред Министерството за култура. Пред владата тие ја отпеаја „Хорот на поеробените Евреи“ од операта „Набуко“ на Верди.

Колективниот договор и Законот за јавен интерес во културата беа посочувани како приоритети од страна на Министерството за култура, но сè уште не се гледа нивно финализирање.

Законот требаше да биде усвоен одамна и со него да се решат проблемите во работниот однос со што ќе се постави солидна правна основа за потпишување нов општ колективен договор во културата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.