Денеска Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го организираше традиционалниот ручек во манастирот Св.Јован во скопско Љубанци.
На ручекот присутни беа неколку стотини млади луѓе, а присутни беа и претседателот на Унијата на млади сили, Лука Кржалоски, како и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Мицкоски ги повика младите масовно на 2 јуни, во 20 часот да излезат што е можно повеќе пред платото на Владата на Република Македонија и симболично да се одбележи, како што рече, една година од чемер и јад кој што надвиснал над нашата татковина со еден голем и најмасовен протест во Република Македонија.
“Подготвуваме програма, имаме план, знаеме како и тоа сме го докажале многу пати во минатото, а ќе го докажеме и сега”, истакна меѓу другото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.