Се сменија работите: САД му стави ВЕТО на Косово

Српската редакција на „Еуроњуз“ денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).

„Еуроњуз“ повикувајќи се на дипломатски извори објави дека министерствата за надворешни работи на одредени европски земји членки на СЕ, добија нота од амбасадите на САД во која се наведува дека Вашингтон смета дека прашањето за пристапување на Косово во СЕ не треба да биде ставен на дневен ред на Комитетот на министри на Советот на Европа.

– Според нашите сознанија, САД бараат прашањето за членството на Косово во Советот на Европа да не биде ставено на дневен ред додека Косово не донесе поконструктивен став за ЗСО, што би го отворило патот за предлог на основен договор меѓу Белград и Приштина, посочува „Еуроњуз“.

Според медиумот таквиот став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија. Косовските власти во мај минатата година поднесоа барање за членство во Советот на Европа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.