Мигрантската криза и се “одмаздува” на Ангела Меркел. Овие денови таа се обидува да ја спаси коалцијата со баварски ЦСУ, а со тоаа и својата влада. Веројатно од договорот со Хорст Сехофер, министерот за внатрешни работи и шефот на ЦСУ, и зависи продолжението на политичката кариера.
Како што пишува британскиот конзервативен “The Telegraph”, проблематиката со мигрантите не е само резултат на новиот бран бегалци кои чеааат на вратата на Европа, туку и долгогодишното несогласување меѓу Сехофер и Меркел. Сехофер долги години беше еден од најгласните критичари на Меркел и на нејзината “отвореност” кон мигрантите.
Во понеделникот тој побара воведување контрола на германските граници, велејќи дека ќе и наложи на граничната полиција да ги враќа мигрантите ако Меркел не го исполни ветувањето, односно да пронајде решение за илегалната миграција во Европа.