Според италијанскиот весник “Corriere dello Sport”, Рома ќе биде приморана да продаде тројца важни играчи во тековниот преоден рок.
Наводно Костас Манолас, Лоренцо Пелегрини и Ченгиз Ундер, сакаат да го напуштат “Олимпико”.
Договорот на Манолас истекува во лето 2022 година, но има прилично мала откупна клаузула од 36 милиони евра.
Најзаинтересирани клубови за Гркот се Јувентус и Бајерн Минхен, а Италијанците тврдат дека Јуве е во предност.
Бјанконерите на таков начин би можеле да продолжат со купување на најдобрите играчи на Рома, откако летото 2016 година го донесоа Миралем Пјаниќ, на истиот начин, откако ја платија откупната клаузула.
На излезни врати од торинскиот гигант е Мароканецот Бенатиа, кој би требало да направи место за доаѓањето на 27-годишниот Манолас.
Што се однесува на Пелегрини, неговата откупна клаузула изнесува 30 милиони евра, а тој се поврзува со Манчестер Јунајтед и милански Интер.
Ченгиз Ундер има најголема клаузула од 60 милиони евра, а најголем кандидат за турскиот репрезентативец е Арсенал.
#Juventus, #Arsenal and #MUFC alerted as #Roma consider sales of #Manolas, #Under and #Pellegrini https://t.co/IRTdKS9Nip pic.twitter.com/L8WQY6xCFM
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) November 15, 2018