Maкедонија во петок со почеток од 20:30 часот против Украина го започнува својот пат на Европското првенство во ракомет.
Македонија игра во групата Б, каде освен со Украина ќе се сретне со Чешка и домаќинот Австрија.
Според првичните прогнози оваа група ни гарантира успех и пласман во втората фаза од првенството.
Во петок играме со најслабата репрезентација во групата каде од нашите момци ќе се очекуваат сигурни бодови.
Вториот натпревар црвено-жолтите го играат во недела со почеток од 16:30 часот против Чешка, а во вторник со почеток од 18:15 часот играме со домаќинот Австрија.
Од нашите момци се очекува како и секогаш жестока борба и бодови од секој натпревар. Ова е група во која со сигурност можеме да го заземеме првото место, а веруваме дека капитенот Кире Лазаров и дружината се подготвени за ваков предизвик.
МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНИЈА!