На интернационалниот турнир “Арена Куп” Скопје 2023, што се одржа вчера на 28 мај во арената “Борис Трајковски”, а во организација на БК “Чаир” и “НБФ”, боксерите од БК “АС” Прилеп освоија златен и сребрен медал.
Матеј Чатлески го освои златниот медал, а воедно и пехарот за најдобар борбен пар, додека Марко Петрески го освои сребрениот медал.
Со овој најнов успех само продолжува континуитетот на освојување медали на БК “АС” од Прилеп, и е уште еден доказ дека клубот е вистински репрезент, како во Македонија, така и во странство, кога се работи за овој спорт.
Честитки за освоените медали и желби за уште поголеми достигнувања во престојниот период.