Балон салата во ООУ “Гоце Делчев” веќе не може ниту да се обнови. Платното е целосно искинато и потопено, а на грдата слика реагираат сите минувачи.
Објектот кој го користеа децата во ова училиште, но и сите желни да спортуваат, за само 6 месеци е целосно уништен.
Негрижата на локалните власти доведе до тоа Прилеп да загуби еден од спортските објекти.
Балон салата во ова училиште одлично се вклопуваше во спортскиот комплекс кој се состои од тениско игралиште, повеќенаменско игралиште и постоечката реновирана спортска сала.