Севиља се закани со БОЈКОТ на вечерашниот меч од Супер купот против Барселона

Шпанскиот фудбалски сојуз објави дека нема рестрикции за играчите кои доаѓаат надвор од просторите на ЕУ затоа што “Супер купот не е професионален меч” и со тоа предизвика лавина незадоволство во таборот на Севиља.

Супер купот оваа година ќе се одигра во една утакмица, а Барселона и Севиља треба да се судрат во мароканскиот град Тангиерс, но Андалузијците се заканија со бојкот ако Барса има повеќе од три играчи во составот кои доаѓаат надвор од ЕУ просторите.

“Ние во Севиља сме изненадени од оваа изјава на шпанскиот фудбалски сојуз на само 24 часа пред почетокот на мечот. Според изјавата, можат да се пијават колку и да е играчи надвор од ЕУ. А во последното соопштение поврзано за сезоната 2018/19 јасно стои дека е дозволено само три играчи”, порачаа од Севиља.

Потсетуваме, Барселона во својот ростер има играчи без ЕУ пасоши. Тоа се Артур, Малком, Видал и Марлон…

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.