Политичиките партии деновиве ги презентираа кандидатите за носители на изборните единици и кандидатите за пратеници.
Во четвртата изборна единица, носители на листите се потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
На листата за кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се најдоа имињата на членот на ИК, Ане Лашкоска, која се наоѓа на второто место, претседателот на Општинскиот комитет во Прилеп, Петар Ристески, кој се наоѓа на шестото место, претседателката на УЖ при Општинскиот комитет, Ирена Стерјовска Локвенец, која се наоѓа на четиринаесеттата позиција и Александра Шваќароска од УМС која се наоѓа на дваесеттото место.
Од друга страна пак на листата на СДСМ, на добитно место е само претседателот на партискиот огранок во Прилеп, Миле Талески, кој се наоѓа на третото место на листата.
Покрај Талески, на листата за четвртата изборна единица е и претседателот на социјалдемократската младина од Прилеп, Александар Ѓорѓиоски, кој се наоѓа дури на седумнаесеттото место.
На листата од СДСМ ги нема пратениците од претходниот состав, Хари Локвенец и Кети Смилеска, а го нема и името на актуелниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Дали ова значи дека СДСМ го отпиша Прилеп пред почетокот на кампањата, иако тоа е градот во четвртата изборна единица со најголем број гласачи?
На претседателските избори минатата година во Прилеп со право на глас беа 63.989 гласачи, а СДСМ ги загуби изборите со разлика од 1580 гласа.