Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, вчера беше избран за најдобар африкански играч за 2019 година. Ова е прва награда за него како најдобар на континентот, а изминатите две години, наградата му припадна на неговиот соиграч од редовите на Ливерпул, Мохамед Салах.
Оваа сезона, Мане има одиграно 19 натпревари во Премиер лигата и забележано 11 голови и осум асистенции. Тој до наградата дојде со 477 гласови, односно 152 гласови во однос на Еѓипјанецот.
-Искрено, повеќе сакам да играм фудбал отколку да држам говор пред волку луѓе. Среќен сум и горд во исто време. И благодарам на мојата фамилија. Ова е голем ден за мене и сакам да му се заблагодарам на народот во Сенегал кој гласаше за мене. Доаѓам од малото село Бамбала и сигурен сум дека сите ме гледаат во моментов, истакна Мане при добивањето на престижната награда.
“I’m from a very small village called Bambali and I’m sure they are all watching me tonight.”#SadioMane showed how much this means to him tonight with a touching speech. #CAFAwards2019
? Champions League
? Club World Cup
? African POTYWhats next? ? pic.twitter.com/Klhu94Pv8E
— Lorenz Köhler (@Lorenz_KO) January 7, 2020