Ручек за посна трпеза во петок: Вкусна посна мусака која вреди да се испроба

Ова традиционално јадење можете да го подготвите и за време на денови кога се пости ако го подготвувате вака.

Состојки:

3 главици кромид

2 моркови

2 чешниња лук

250 грама соини трошки

Сушени растителни зачини

Сол, бибер

100 грама доматно пире

Пире од 500 грама комири

Подготовка:

Сварете ги трошките од соја и исцедете ја водата. Пропржете го кромидот, морковот, па додадете ги соините трошки и зачини. Можете да додадете и две до три капки бело вино. На крај ставете и доматно пире.

Направете пире од компири, а потоа поделете го на два еднакви дела. Во плех ставете половина од подготвеното пире, па ставете фил и на крајот остатокот од пирето.

Печете во рерна на 200 степени околу 20 минути. Јадењето може да го служите и ладно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.