Наместо продолжување на изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, Владата преку Министерството за транспорт и врски го рехабилитира веќе постоечкиот пат. Најавениот нов тендер за изградба на патот кој требаше да значи живот за Пелагонија, сеуште го нема
На ова реагираше екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој на Фејсбук напиша:
“Прилепчани, битолчани и цела Пелагонија наместо денес да возат по нов експресен пат Прилеп-Градско по европски стандарди, со оваа Влада добија гребен асфалт на постоечкиот пат (нормално пред избори)… Ај на здравје… Господ на помош да ни е пак треба да се молиме при секое одење и враќање од Скопје на превојот Плетвар!”