Ривалството продолжува? Кавадарци доби пајак служба, а првиот кренат автомобил е од Неготино

Од вчера во функција е пуштено пајак возилото на ЈП Паркинг – Кавадарци, а првото непрописно паркирано возило врз кое се интервенираше, случајно или не, е од градот ривал, соседно Неготино – oбјави “Фокус”.

Настанот предизвика лавина од коментари и шеги на сметка на возачот, но и општо, на неготинчани, на социјалните мрежи. Според ЈП Паркинзи – Кавадарци, вчера, на првиот ден во функција, пајакот имал многу работа. Биле отстранети шест возила, и без селекција се отстранувале сите автомобили кои биле паркирани на непрописни места. Тоа што неготинчанец го сефтосал пајакот, било чиста случајност.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.