Станува збор за мошне лесен и економичен рецепт за потпечено пилешко со зеленчук. За подготовка на ова јадење за четири лица ќе ви биде потребно околу 1 час.
Состојки:
- 1 поголема главица кромид, ситно исечкана
- 300 грама млади компири, исечени на тенки кругчиња
- 2 црвени пиперки, исечени на поголеми парчиња
- 2 поголеми парчиња праз исечени на половина, па ситно исечкани
- 4-6 пилешки копани
- 3 лажици масло за јадење
- Сол, бибер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени, или на 160 доколку печете со вентилатор.
Ставете ги пилешкото месо и зеленчукот во тавче претходно премачкано со масло и добро распоредете ги. Зеленчукот треба да биде долу, а месото на врвот. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Печете околу 45 минути, додека пилешкото месо не добие златна боја, а зеленчукот не омекне и не почне да се карамелизира. Поделете на 4 порции и сервирајте додека е топло.