Состојки:
- ½ филџан путер
- 1 главица исечкан кромид
- 4 конзерви пилешка чорба
- 1 помало парче кашкавал исечкано на коцкицки
- 2 филџани млеко
- 1 лажица лук во прав
- 2/3 филџан пченкарен скроб
- 1 филџан вода
Подготовка:
- Во тенџере истопете го путерот на среден оган. Испрѓете го кромидот на путер додека не омекне. Потоа додадете ја брокулата и прелејте ја со пилешка супа од конзерва. Варете додека брокулата на омекне.
- Намалете ја темературата и ставете ги коцкичките кашкавал да се стопат. Измешајте го млекото со лукот во прав и сето тоа додадете го во претходната смеса.
- Во мал сад, промешајте го пченкарниот скроб додека не се раствори. Измешајте го во супата и варете мешајќи често додека не се згусне.