Иако е со прекрасен вкус, токму кафето може да биде вистински извор на непотребни калории и јагленхидрати (најчесто шеќери).
Затоа кога нарачувате кафе побарајте истото да биде без шеќер, со засладувач и без дополнителен шлаг или пена. Најдобра опција е сами да ги го подготвите кафето, а еве еден брз рецепт како сами да направите здраво ледено кафе!
Состојки:
- ½ филџан сварено црно кафе или обично инстант кафе, оладено
- 2 децилитри бадемово млеко (студено)
- Дополнителен засладувач по желба
- ½ лажичка протеински прашок (по желба)
- Повеќе издробен мраз/ ситни коцкисчки
- малку цимет
Постапка:
Сите состојки измиксајте ги во блендер, додадете уште мраз ако треба (а треба затоа што надвор е жешко), ставете цевка и уживајте во кафето.