Ресенчани оригинални! Ветувањата на градоначалникот отпловија на бродчиња по поплавените улици (ФОТО)

Покрај проблемите со откупот на јаболката, граѓаните на Ресен по обилните врнежи од дожд имаат и други проблеми. Имено атмосферската канализација во Ресен не функционира, а општината и покрај големиот број на поплаки и апели на граѓаните до градоначалникот, не го реши овој горчлив проблем на граѓаните.

Откако веќе подолго време во регионот има обилни врнежи нефункционалната атмосферска канализација ги преплави улиците, по кои течеше река од вода насобрана во канализационата мрежа.

Сепак ресенчани не се откажаа од борбата со неспособната локална власт и со герила акција на интересен начин се обидоа да ги разобличата ветувањата на градоначаланикот.

Ресенчани направија хартиени бродчиња на кои ги напишаа предизборните ветувања на СДСМ, кои отпловија по ,,реката” од канализациска вода како што отпловија предизборните ветувања на СДСМ во заборав кога ја превземаа власта.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.