Светлана Зуламовска Гроздановска е долги години фризер и шминкер во Кривогаштани. Долги години успешно ја работи својата работа, ги исполнува желбите за убав изглед на своите муштерии и секогаш предизвикува насмевки и пријатно чувство.
Од поново време нејзино хоби е да изработува ликови од коса. И тоа не било какви ликови, туку ликови на познатите пејачи, спортисти, уметници… Нејзините дела изгледаат толку реалистично и живо, што чиниш можат да прозборат.
Нејзиниот салон во кој работи заедно со својата сестра доби дополнителна популарност, а познатите се воодушевени од тоа како изгледаат нивните ликови изработени со коса.
Нејзините ремек дела го привлекоа вниманието на сите медиуми во државата, а пред неколку дена дури и најтиражниот германски весни “Шпигел” на својата Фејсбук страна објави видео за нашата Светле.
Погледнете: