Рекорд: 17 кратери на 100 метри улица во Прилеп? Aвтомобилите фиран, народот револтиран, локалната спие? (Фото)

Улица “Димо Димески” во Прилеп

Прилепчани често и замеруваат на општината поради неодржувањето на улиците и сметаат дека надлежните се виновни за уништувањето на нивните автомобили.

Фотографиите во прилог се од улицата “Димо Димески” каде на 100-тина метри има дури 17 дупки, едноставно невозможно да се помине со автомобил.

Граѓаните од оваа улица бараат општина Прилеп веднаш да ги санира дупките и да им овозможи непречено да се движат.

Велат и ние како и сите други плаќаме даноци и заслужуваме нормална инфраструктура во 21 век.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.