Рекордно производство на бурек за празникот Василица Среќната паричка и вредните подароци годинава во рацете на Марија Петреска

zito1

Во однос на претходните години за време на празникот Василица, годинава Жито Прилеп АД произведе рекорден број буреци и тоа со месо, сирење, бурек пица и многу вртени кори. Бурек имаше за сите. За оние кои нарачаа ден претходно, но и за тие кои дојдоа на лице место и побараа топол бурек.

Според традицијата, секое семејство вечерта на 13-ти Јануари или на 14-ти на пладне, токму на Василица, се собира на трпезата на која неизбежно има бурек со паричка. Но, во буреците на Жито Прилеп само една е најсреќна. Годинава, таа се најде во рацете на Марија Петреска.

– Јас не нарачав бурек претходниот ден, ама токму на Василица ја посетив продавницата бр.3 на Жито Прилеп што се наоѓа веднаш до О.О.У Кочо Рацин и прашав дали може да си купам бурек со паричка. Продавачката беше љубезна и ми кажа дека во моментот се пече бурек, така што ме замоли да се вратам за кратко време по топол бурек. Така и направив. Се надевав и подсвесно посакував да ја пронајдам среќната паричка. Најмногу се израдуваа најмалите во домот, внучињата. Јас и сопругот Цане сме пресреќни. Ви посакувам да бидете здрави, живи и многу среќни – рече Марија Петреска.

Традиционално, секоја година пронаоѓачот на паричката добива вредни подароци од раководството на компанијата. Годинава, генералниот директор на Жито Прилеп АД, Николас Атанасоски, на Марија и врачи златен крст, пакет производи од широкиот асортиман на Жито Прилеп, а најголемо изненадување за добитничката беше 40 инчен HD флет телевизор.
-Традицијата нема да ја прекинеме. Василица е еден од најзнчајните празници за православните верници. Како големи верници, го почитуваме и го одбележуваме овој празник. Само една паричка е најсреќна, а годинава таа беше во бурекот кој го купи Марија. На сите наши потрошувачи им се заблагодаруваме за лојалноста и ќе се стремиме и понатаму да работиме на унапредување на квалитетот на целокупното наше производство, задоволувајќи ги сите стандарди за квалитет – изјави Атанасоски.

zito2




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.