Жената која мислела дека резервирала соба во хотел со голем базен не можела да се воздржи од смеа кога стигнала до сместувањето и сфатила дека фотографијата која ја видела, во суштина била обична када, но фотографирана од добар и илузивен агол.
Џени Кершо од Манчестер на својот Твитер профил објави споредбена фотографија од лажниот хотелски базен и кадата која ја дочекала во хотелското сместување кое го резервирала.
„Нашиот хотелски базен во Виетнам. Резервација VS. реалноста. Ние завршивме овде“, напиша Џени во објаснувањето на сликата.
Our hotel pool in Vietnam…booking.com VS reality ??? we’ve been done there pic.twitter.com/lElDjxzFwd
— Jenny Kershaw (@jennykershawx) May 12, 2018