Редица заинтересирани клубови за нашиот Столе: Овие два шпански клуба го сакаат во своите редови?

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше одлични настапи на Европското првенство.

Иако прими осум гола, на трите натпревари кои ги одигра Македонија на овој собир, покажа дека брани во одлична форма и беше еден од најдобрите поединци на селекторот Ангеловски на нашиот премиерен настап на континенталниот шампионат.

Неговите партии не останаа незабележителни, па како што пишуваат шпанските медиуми за услугите на македонскиот голман постои интерес од два клуба од Шпанија.

За потписот на 27-годишниот чувар на мрежата заинтересирани се Гранада и Хетафе .




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.