Според тврдењето на шпанскиот новинар Едуардо Инда, Реал Мадрид летово одбил огромна понуда од Манчестер Јунајтед за Гарет Бејл. Црвените ѓаволи нуделе неверојатни 250 милиони евра!
Манчестер Јунајтед ова лето со сите сили се обидувале да го донесат Гарет Бејл на Олд Трафорд. Шпанскиот новинар, Едуардо Инда, тврди дека англискиот тим на Реал му понудил, ни помалку ни повеќе, туку 250 милиони евра.
Ако кралскиот клуб ја прифател оваа понуда, Велшанинот ќе станеше најскапиот играч на сите времиња. Меѓутоа, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е уверен дека Бејл е вистинскиот наследник на Кристијано Роналдо.
Шпанскиот новинар додава дека “црвените ѓаволи” веќе имале припремено астрономска плата за Бејл, која според неговите информации изнесувала 25 милиони евра по сезона.