Расте бројот на загинати: Ураганот усмрти 478 лица

haiti-640x294yj56u56u56

Бројот на жртвите од ураганот Метју на Хаити се зголеми на 478 лица, по добивањето на информации од оддалечени области, кои поради тропската бура беа отсечени од светот.

Со брзиот пораст на бројот на загинатите различни владини агенции даваат различни податоци.

Според претставници на локалните служби за цивилна одбрана ураганот усмртил најмалку 478 лица.

Централната служба за цивилна одбрана на Хаити, која има потреба од подолго време за да ги ажурира податоците, соопшти за смртта на најмалку 271 луѓе.

Околу 61.500 луѓе се уште се сместени во засолништа.

По опостушувањето на Хаити, ураганот Метју помина утрово над источниот брег на Флорида со силни пропратни ветрови, кои достигнуваат до 195 км/ч, и поројни дождови

Рано утринава туристичките центри и градовите на полуостровот во југоисточниот дел на САД потонаа во мрак, а по улиците немаше автомобили во движење. Улици, по кои течат реки вода, беа „украсени“ со гранки и други остатоци, пренесува БТА.

Метју благо ослабна вчера навечер – е на на 5 од петстепената скала на Сафир-Симпсон – но се уште е многу опасен, предупреди американскиот Центар за набљудување на ураганите.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.