Говорите на Адолф Xитлep се продадени на аукција во Минхен и покрај загриженоста на еврејските групи дека ова би можело да ги поттикне неонациcтитe.
Аукциската куќа “Херман Хисторика” продаде ракописи кои датираат од периодот пред Втората светска вojна, со објаснување дека имаат големо историско значење и дека заслужуваа да се чуваат во музеј.
Сите документи се продадени на анонимни понудувачи по многу високи цени.
Говорот на Xитлep од девет страници, во кој им се обраќа на новите вoeни офицери во Берлин 1939 година, околу осум месеци пред почетокот на вojната, достигна цена од 34.000 евра.