РАКОМЕТАРИТЕ НА РК ПРИЛЕП НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

IMG_0144

По успешната сезона и освојувањето на  четвртото место на табелата, кое води во Челинџ-купот следната сезона, ракометарите и стручниот штаб на машкиот РК Прилеп, денеска имаа средба со градоначалникот, кој го пофали нивниот успех. Тој при средбата нагласи дека ракометарите денеска се гордост на Прилеп, бидејќи тие, со нивните успеси го вратија епитетот на градот „ракометен Прилеп“ .

IMG_0148

IMG_0145

– Со оглед на условите во кои тренираат и ги одржуваат натпреварите, како и  скромниот буџет со кој располага овој спортски клуб, четвртото место оваа ракометна сезона и излезот во европските купови, преставува навистина голем успех за респект, кој не враќа во врвните спортови како град. Уште позначајно е тоа што во овој клуб ракометната игра ја учат над 100 деца, активни во сите категории на клубот. Тоа говори за грижата на младите да спортуваат и да станат врвни спортисти. Локалната самоуправа и понатаму  ќе се грижи да обезбеди услови за врвно спортување“-истакна градоначалникот при средбата со ракометарите на РК Прилеп.

IMG_0173

IMG_0156

IMG_0164

IMG_0165

Стручниот штаб и ракометарите ветија дека ќе дадат максимум Прилеп достојно да го престават во ракометна Европа, со надеж дека до есен ќе имаат можност за големите натпревари да ја користат салата на Тут-ком, со цел да им овозможат на што повеќе љубители на ракометот да ги бодрат и да  ги следат нивните успеси .




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.