Пронајден е ѓердан од Титаник кој крие потрогателна љубовна приказна од онаа во филмот: Само еден преживеал (ФОТО+ВИДЕО)

Medaljon-444-620x350

Неодамна на дното од океанот е пронајден ѓердан, поточно медаљон, кој припаѓа на жена која патувала во Титаник и чиј сопруг го загубил животот во несреќата. Чипови за коцкање и медаљон се пронајдени во куферот на патникот од првата класа во Титаник, Вирџинија Естили Медовел Кларк и нејзиниот сопруг Волтер Милер Кларк.

Нивните предмети биле изложени на изложбата на артефакти во Луксор хотелот во Лас Вегас, по повод 105 години од тонењето на бродот.

Кларкови биле на меден месец во Европа, па одлучиле да резервираат патување на Титаник за да стигнат побрзо, за да присуствуваа на роденденот на својот двегодишен син.

– Преживеала само Вирџинија, но за жал не и Волтер – изјавила водителката на изложбата.

Вирџинија покасно изјавила дека почувствувала како  бродот удира во сантата мраз. Нејзиниот сопруг играл покер во салонот, а таа веднаш дотрчала до него и му рекла дека нешто не е како што треба. Волтер ја прекинал играта и и’ помогнал на својата сопруга влезе во чамецот за спасување.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.