Пронашла необичен корен и решила да го однесе дома – една недела подоцна ја дочекала страшна сцена

Што ќе направите кога пред вашиот влез ќе најдете „мистериозен“ корен со големина на подлактица? Кели Кјурино била љубопитна па одлучила да дознае за што станува збор, но три дена подоцна била згрозена.

На Твитер објаснила како пронашла објект кој ја фасцинирал, но всушност не знаела дека станува збор за „проклетство“.

Без никој да знае коренот го ставила во пластична кеса за замрзнување за да го однесе на работа и да ги праша колегите за што станува збор.

Кога се вратила од работа кесата ја ставила на страна во автомобилот и потоа ја заборавила. Една недела подоцна забележала црви во автомобилот. Стотина мали црви илегувале од „мистериозниот корен“, кој веднаш го фрлила.

Таа како што вели и наоѓала црви дури неколку дена подоцна, а нејзината приказна станала вирален хит.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.