Денеска во Качаник, Косово, се одржа турнир во борење, каде учество зедоја и девојките од Боречкиот клуб “7-ми Мај – Златна рака” од Прилеп.
Прилепчани се закитија до две втори и две трети места, што претставува континуитет кога се во прашање освоените медали за нашиот клуб.
Со втори места се закитија Марија Велјаноска и Деспина Богеска, а третопласирани беа Тамара Цветкоска и Елена Дејкоска.
Во Качаник деновиве исто така на подготовки е и македонската женска репрзентација во борење, а меѓу борачките се и двете прилепчанки Тамара Цветкоска и Елена Дејкоска, кои се подготвуваат за престојното Балканско првенство, кое пак во мај ќе се одржи во Грција.