Проданоски: “Заев посети го Участакот да видиш како бугарската администрација се изживyвала, и прашај за кpиминалите во Прилеп”

Секаде во светот кога се гради или реконструира нешто, тоа се прави со намена да биде од општа корист за сите. Само во Прилеп, за жал, се трошат милионски суми на проекти кои се нефункционални и создаваат нови проблеми – истакна на денешната прес конференција Дејан Проданоски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Реконструкцијата на дел од булеварот “Гоце Делчев”, која патем започна во март годинава, а дури денеска ќе се пресече црвена лента, чини неверојатни 1 милион евра.

За потсетување иста таква сума општината плати за набавката на четирите автобуси за градскиот превоз.

Еден милион евра за што? За нерешен сообраќаен проблем кој веќе им создава невидени главоболки на возачите.

Еден милион евра за центар на градот без доволен број паркинг места и изолирана без пристап чаршија.

Се расфрлате со парите на граѓаните како да се ваши лични, без око да ви трепне.

Градоначалниче, ве повикуваме денеска, кога заедно со вашиот ментор, Зоран Заев, ќе сечите црвена лента, да им објаснете на граѓаните, како тоа еден сообраќаен знак на овој булевар чини 340.000 денари?

Како една рампа пред општината чини 100.000 денари и како потрошивте неверојатни 573.000 денари за интегриран систем со семафорска опрема, а реалната цена за која што може да се набави е 3.000 долари?

Кога веќе заедно со вас е тука и Зоран Заев, го повикуваме да го посети Участакот, да прочита и да научи како се изживалала така наречената за него бугарска администрација. Со свои очи да види во какви окови биле врзувани борците за слобода од НОБ и какви ѕверства извршувале фашистичките бугарски окупатори.
Грѓаните очекуваат одговор на овие прашња!

Почитувани,

Зоран Заев, човекот кој најави двојазичност од Прилеп и кој преговара и тргува со македонскиот јазик, денеска се поклонува пред великанот Блаже Конески.

Ова зборува дека овие луѓе имаат целосно изгубено допир со реалноста и целосно имаат изгубено чувството на срам и вина.

Ете со вакви луѓе се соочуваме и се бориме денеска!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.