Со специјален воен карго авион, унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петар Сијарто допатува во земјава директно со пакети помош од 100.000 заштитни маски и 5.000 заштитни скафандери. На аеродромот беше пречекан од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
По пречекот, во просториите на самиот аеродром, Османи и Сијарто имаа и работна средба, на која разговарале и за натамошните чекори во однос на европската агенда на земјава по добивањето на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ, процесот на формирањето на преговарачката рамка, како и подготовката на земјата за самиот почеток на преговорите.
Сијарто потоа имаше и обраќање пред медиумите заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски: