Јувентус синоќа донесе голема радост за навивачите на “старата дама” oд Прилеп и Битола. Заедно, обоени во црно-бела боја повеќе од 100 навивачи на клубот од Торино, синоќа во “Kaфе Интермецо” во Битола, заедно навиваа за својот миленик.
Јувентус го доби првиот дуел од полуфиналето во Лигата на шампиони, против Монако на гостински терен, со 2:0 и обезбеди огромна предност во пресрет на реваншот во Торино.
Старата дама веќе е на чекор од финалето во Кардиф, а најзаслужен за победата на стадионот “Луј втори” беше Гонзало Игуаин кој со двата погодоци во 29-тата и 59-тата минута донесе огромни два гола предност.
Јуве одигра повторно трпелив натпревар и освен во одредени кратки моменти, целосно доминираше и ја контролираше играта, а младата екипа на Монако беше целосно отсечена и ни малку не наликуваше на она што го прикажа во дуелите со Манчестер Сити и Дортмунд во претходните фази од натпреварувањето.