Прилепчани уапсени во Гостивар: Краделе што ќе стигнат во Кичево

На 18.05.2023 околу 08.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ќ.(25) и Е.Ќ.(28), двајцата од Прилеп.

Тие се сомничат дека на подрачјето на Кичево биле инволвирани во одземање на возило, казниво по член 242 од Кривичниот законик и во други тешки кражби.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.