Прилепчани порачаа: “Не застануваме и не се предаваме, Maкедонија мора да остане унитарна (ФОТО+ВИДЕО)

BeFunky Collage

Речиси еден месец реки од народ се слеваат низ градските улици на Прилеп. Стравот кај граѓаните дека ќе ја изгубат својата држава ги крена на нозе, а секој ден ги има се повеќе.

Игнорантскиот однос кон македонската нација, од страна на Европската Унија, како и на раководството на СДСМ и албанските партии, дополнително ги разгоре страстите кај прилепчани.

dav

dav

dav

dav

Ако сега  илјадници граѓани, излегуваат и го креваат гласот за унитарна Македонија и за отфрлање на платформата од Тирана, Прилеп ги памети и протестите од така наречената “шарена револуција”, кога за разлика од сега се уништуваше општествен имот и се плукаше и валкаше по се’ што е убаво и се’ што е вредно.

dav

dav

dav

dav

Прилепчани и вечерва го исфиркаа првиот човек на СДСМ Зоран Заев, како и нивниот сограѓанин, пратеник од СДСМ, Хари Локвенец.

Пораката на граѓаните е следна: “Нема да се откажеме и нема да се предадеме, Македонија мора да остане унитарна”.

Пред граѓаните се обрати Тони Чатлески, кој им ја пренесе поддршката од уметниците , а моќна порака упати и граѓанин кој учествувал во маршот “За заедничка Македонија” сите овие денови.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.