Новата градба која се гради на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, која според надлежните е “ИКТ Центар за опоравување од катастрофи и обезбедување континуитет во работата”, сеуште предизвикува недоумици кај прилепчани.
Центарот според она што беше соопштено ќе ги зачувува податоците во случај на природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор, но истиот сеуште предизвикува полемики помеѓу граѓаните, па прилепчани постојано дебатираат по социјалните мрежи што точно ќе биде функцијата на оваа голема градба.
Цената на изградбата на овој центар како што беше соопштено ќе изнесува речиси 3,5 милиони евра, а истиот го гради албанска фирма во близина на воените касарни во Прилеп.
Еве како прилепчани гледаат на оваа градба: