На 06.01.2019 година во 16,50 часот во Полициската станица Прилеп Т.А.(53) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 09,00 часот во деловен објект лоциран во градскиот пазар во Прилеп од страна на едно лице на возраст од околу 20-25 години по претходна вербална расправија бил физички нападнат. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.