Александар Карилоски, еден од момците кои раководат со ноќниот клуб “Синдикат” од Прилеп, преку својот Фејсбук профил извести дека клубот е ставен на располагање на бездомници кои немаат каде да преноќат во овие екстремно студени зимски ноќи.
“Сакам да ви соопштам дека ноќниот клуб Синдикат од оваа вечер ќе биде отворен за сите БЕЗДОМНИЦИ кои ќе можат тука да дојдат и да преноќат без никаков проблем, апел до сите, доколку знае некои за некој бездомник и доколку знае каде тој преноќева слободно нека му се обрати и нека му кажи каде може да преноќи оваа вечер, со почит Ноќен клуб Синдикат”, напиша Александар на Фејсбук.
Секоја чест за Александар Карилоски и тимот на ноќниот клуб Синдикат!