23-годишниот македонски фудбалски репрезентативец од Прилеп, Тодор Тодороски, како слободен играч бараше нов клуб, па сега потпиша за еден од најдобрите клубови од Азербејџан.
Десниот бек досега во кариерата настапуваше за Кожув, Металург, Вардар, вторите екипи на Осјек и Шибеник, како и во Раднични Ниш во Србија, а последно настапуваше за Серед од Словачка.
Тодороски имаше одлични партии за словачкиот клуб, но не дојде до продолжување на соработката.
Екипи од три земји беа заинтересирани за потписот на Тодороски. 23-годишниот прилепчанец во текот на летниот преоден рок водеше преговори со клубови од Турција, Бугарија и Словенија, со екипи од најквалитетните шампионати, но во меѓувреме пристигна богата понуда од Азербејџан, од тимот на Сумгаит, која Тодороски се реши да ја прифати.