Филмот “Ругање со Христос” на македонскиот режисер Јани Бојаџи кој деновиве ја бранува македонската јавност, повеќе поради неинформираноста кај голем број луѓе за содржината во него, се очекува низ кината ширум земјата.
Откако голем број луѓе ја погледнаа главната тема и трајлер за филмот, почувствуваа дека се работи за силна тематика која мора да се погледне.
Интересот, барем според она што може да се забележи по социјалните мрежи, е голем и кај прилепчани, па со нетрпение се очекува проекција на филмот во кинoто “Мис Стон”.
Дали прилепчани и граѓаните ширум земјата ќе имаат прилика да го погледнат “Ругање со Христос”, ќе видеме наскоро.