Прилепските бакали го прославија својот патрон “Св. Три Светители“

_MG_5580

Традиционално, бакалскиот еснаф во Прилеп денска го прослави својот патрон празник,„Св.Три Светители“. Празникот е  посветен на тројцата светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст кои се сметаат за три столба на христијанската црква.

_MG_5412

По повод големиот христијански празник “Св.Три Светители“ во црквата „Свето Благовештение“ се одржа Божествена литургија со која чиноначалствуваше, Митрополитот Повардарски г. Агатангел , заедно со свештените лица од прилепското архиерејско намесништво, на која, присуствуваа прилепските  бакали со нивните семејства, кои на овој ден, заедно со владиката, се помолиjа за здравје, бериќет, мир и благосостојба.

_MG_5415

На литургијата присустуваше и градоначалниот на Прилеп, Марјан Ристески, кој им го честита патрон празникот на прилепските бакали и рече:

„Традицијата на славењето на патрон празник на прилепските бакали е децениска. Чест ми е што и денес сум тука со нив, зашто овој есенф, иако, така речено, е со мали продавници низ прилепската чаршија, и тоа како придонесува за развој на локалната економија“.

_MG_5422

Домаќин на годинашното празнување беше сопственикот на компанијата „Шопе Комерц„ Емил Шопески, кој го истакна своето задоволство и чест, што беше домаќин, и го предаде своето кумство на бакалот, Стојан Петкоски.

_MG_5430

Славењето на еснафскиот празник “Св. Три Светители“ за здравје, бериќет и успех, прилепските бакали го заокржија со заеднички ручек, кој  се одржа во црквата „Св.Благовештение.

_MG_5559

Инаку, христијанскиот празник “Св.Три Светители“ е патрон празник на прилепскиот бакалски еснаф уште од 1954 година, од кога и постои здружението на бакали, кое преставува еден од најголемите еснафи во  Прилеп.

_MG_5605

_MG_5590

_MG_5638




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.