Досега сме немале никакви проблеми со угостителите, секогаш имаме добра соработка со нив. Секогаш сме им излегувале во пресрет, особено за јавниот простор кој го издаваме. Ова вчера го изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, при посетата на Општината од страна на директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
„Можам да кажам дека дури на некој начин и ја толерираме нивната, ако можам така да кажам злоупотреба на зголемениот простор од она што им е дадено. Но тоа го правиме во рамките на дозволеното“, истакна Јованоски.
Извор: “Infokompas.com.mk”