Во четврток 29 септември 2016 во 20.00 часот во ЦК,, Марко Цепенков,, гостува МНТ со претставата ,,ПРЕКИНАТА ОДИСЕЈА,,.
Податоци за претставата:
ПРЕКИНАТА ОДИСЕЈА
Автор – РОБЕРТ УРБАЊСКИ
Режисер – ЈАЦЕК ГЛОМБ
Претставата е копродукциски проект помеѓу НУ Македонски народен театар и театар „Хелена Моджејевска“ од Полска
УЛОГИ ВО ПРВИОТ ДЕЛ:
РАФАЛ ЦЈЕЛУХ – Портирот
ГАБРИЕЛА ФАБЈАН – Вјера, снимател
БАРТОШ БУЛАНДА – Влаѓо, оператор на проектор
АНИТА ПОДЕНДЊАК – Иренка, учителка
ЗУЗА МОТОРЊУК – Јоасја, учителка
МАЛГОЖАТА УРБАЊСКА – Хонората, готвачка
КАТАЖИНА ДВОРАК – Лена, мајка
РОБЕРТ ГУЛАЧИК – Градинарот
БОГДАН ГЖЕШЧАК – Директор на центарот
ПАВЕЛ ВОЛАК – Капетанот
ПАВЕЛ ПАЛЦАТ – Партизанот
МАГДА СКИБА – Партизанката
МАТЕУШ КШИК – Доне
УЛОГИ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ:
ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ – Вангел
ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ – Јанушек
ТОМЕ ВИТАНОВ- Ираклис
БОРЧЕ НАЧЕВ – Спиро
САШКА ДИМИТРОВСКА – Донка
БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА – Цвета
СОФИА НАСЕВСКА – ТРИФИНОВСКА – Димитра
СНЕЖАНА КОНЕВСКА – РУСИ – Пламенка
Сценограф: Малгожата Буланда
Композитор: Горан Трајкоски
Камерен состав: Петар Христов, Петар Смилев, Сашко Темелкоски и Славчо Коцев
Кореограф: Александра Кочовска – Начева
Координатори на проектот: Каја Богацка и Деспина Тодоровска
Извршни продуценти: Симона Угриновска и Виктор Рубен
Инспициенти: Јола Начињска и Вукица Александрова
Преведувач од полски јазик и соработник: Григори Поповски
„Прекината одисеја“ е претстава реализирана преку креативна соработка помеѓу полски и македонски уметници заснована на вистинска, но истовремено и необична приказна. Во 1948 година, од подрачја зафатени со брутална граѓанска војна во Грција, од територијата на Егејска Македонија комунистичките партизани евакуираат македонски и грчки деца кои се преплашени, прегладнети и кои страдаат. Поминувајќи тежок пат, еден дел од нив пристигнуваат во Полска. Тука наоѓаат вистински дом. Токму Полска им овозможува да ги лекуваат траумите од војната, им обезбедува образование и животна шанса. Земјата која тукушто се крева од воените разурнувања, изложена и на железната тупаница на сталинизмот, смогнува сили да покаже неверојатен организационен напор и голема доза хумано сочувство. Потсетувањето на тој факт не претставува само историска занимливост. Современиот живот нè става пред слични предизвици – та и денес не е мал бројот жртви од секојдневните војни. Во Европа – област која е неверојатно богата – пристигнуваат сè побројни мигранти кои ги прифаќаат на различен начин. Дали сме способни да им помогнеме – како држави и како единки? Дали ние, располагајќи со неспоредливо поголема моќ и ресурси, умееме да им подадеме рака на оние на кои тоа им е потребно? А ако не, тогаш зошто? Претставата „Прекината одисеја“ ја подготвија искусни творци од Полска и од Македонија, уметници на видните сцени на Театарот „Хелена Моджејевска“ од Легница – кој патува низ цела Полска и по светот со приказни кои го поврзуваат локалниот, близок на публиката дух со универзални пораки, како и на Македонскиот народен театар, еден од театрите со најдинамичен развој во јужна Европа, каде што истакнати режисери презентираат разновиден, амбициозен репертоар.