Натпреварувачот од Македонија кој пред две години остана запомнет по тоа што Јелена Карлеуша го подигна и го врати на сцената, повторно настапи на најновото издание на шоуто “Ѕвездите на Гранд”.
Александар Темелков од Велес, чија менторка е Вики Миљковиќ ги изненади сите кога се одлучи да покаже дека може да ја крене Јелена Карлеуша, иако таа е двојно потешка и двојно повисока од него.
Тој се претстави со песните “Ајде сите на нозе” од Јордан Митев и “Зег зег дадумле” од Гаги бенд. Александар ја развесели публиката и својата менторка, а до самиот крај беше неизвесно. Со своите гласови го наградија Босанец, Јелена, Џорџе и Снежана.
“Добро мали … ајде да видеме што ќе биде сега. Кога ќе се жениш? Дали треба да ти најдеме девојка”, го прашаа Марија и Јелена.
“Имам девојка”, одговори Темелков, кој инаку има голем број настапи и пее во Македонија. Марија му рече дека е најинтересниот млад кандидат, а Јелена го потсети на снимката кога таа го носеше низ студиото на песната “Кило горе, кило доле”, а видеото на јутјуб има милионски прегледи.
“Темелков, можеш ли да ја подигнеш ти нејзе”, го праша Саша Поповиќ, а тој одговори “Можам сигурно”.
“Момчето може да добие кил”, рече Карлеуша, но после убедувањето со Поповиќ таа излезе на сцената.
“Ајде Темелков покажи што знаат Македонците”, му рече Поповиќ, а публиката аплаудираше.