Како што пренесува добро информираниот локален медиум “Ливерпул ехо”, фудбалерот на Баерн Леверкусен Јулијан Брант е прва желба на Јирген Клоп.
Според овој медиум, Јурген Клоп цела сезона го следи овој 20-годишен играч и смета дека тој целосно би се вклопил во играта на Ливерпул.
Брант има 20 години, но уште од 2014 година е во првиот тим на Леверкузен.
До сега има одиграно 80 утакмици и има постигнато 17 гола, игра на позиција крило и добро се снаоѓа на двете страни.
Ф.Г.