Државниот испитен центар информира дека на 25 ти декември ќе бидат објавени прашањата за екстерното тестирање за учениците од завршните години на средното образование.
Објавениот базен со прашања ќе содржи повеќе од 85 000 прашања. Базата е освежена со 20% нови прашања.
Во следните две недели поточно до 08.01.2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно корегирани.
Со цел прочистување на базата и зголемување на квалитетот на прашањата ги повикувам сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата и заеднички да ги подобриме, се вели во соопштението.
Веб страницата на која може да ги видите прашањата и да оставате коментари е www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk.